Макеоднскаат репрезентација има максимален старт со две победи од два натпревари. Поминаа Тунис и Ангола , на ред се трите европски и многу потешки противници. Фокусот веќе е насочен на дуелот со Словенија во кој како што вели Филип Миркуловски нема што да изгуибиме, а може многу да добиеме.
„Можеби не го скршивме натпреварот во десета минута, но имаме уште една победа. Знаевме дека Ангола ќе одиграм многу подобро отколку со Словенија, тоа им беше еден навистина лош ден бидејќи Ангола не е толку неквалитетна репрезентација колку што се покажа на првиот меч со Словенија. Но, ете ние повторно покажавме карактер. На почетокот не искористивме неколку зицери, но, ете славиме нова победа, две од две. Сега се фокусираме на следниот натпревар, задутре одиме на Словенија. Имаме време да се одмориме и да излеземе на мегдан со Словенија. Словенија ни е добро познат противник. Како и секогаш ќе го дадеме својот максимум. Нема што да изгуибиме, може многу да добиеме. Кој знае, може со победа над Словејија да атакуваме и на второто место. Ќе се подготвиме добро и одиме на победа како и секогаш“ – изјави Миркуловски по мечот со Ангола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА