Македонскиот бек Филип Миркуловски, славеше победа со екипата на Вецлар на гостувањето против Кобург со 27-28, во натпреварот од 28.коло во Бундеслигата. За тимот на Вецлар ова 17 победа сезонава со која се зацврсти на шестата позиција на табелата.
Вецлар беше во улога на фаворит во овој дуел со последнопласираниот тим во Бундеслигата и имаше четири гола предност по првото полувреме (12-16). Но, Кобург во вториот дел успеа да ја стопи негативата и го заврши мечот со минимален пораз.
Миркуловски постигна еден гол од два обиди во победата на својот тим. Најефикасен во составот на Вецлар беше Кристијан Бјорнсен со девет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА