Вецлар, тимот за кој настапува Филип Миркуловски, приреди големо изненадување со убедливата победа против Кил со во натпреварот од 6.коло во германската Бундеслига.
Вецлар уште на стартот тргна офанзивно, а водството на домаќините од 4-1 беше само најава дека Кил ќе има силен отпор. Трофејниот германски тим успеа да ја анулира негативата и во првиот дел на неколку пати да дојде и во водство, но не со повеќе од еден гол. Вецлар замина со гол предност на полувремето (14-13), а потоа во вториот дел успешно ја искористи својата шанса и на крај забележа убедлива победа против големиот фаворит.
Филип Миркуловски запиша еден гол во победата на Вецлар. Најефикасен во домашниот тим со максимални осум од осум беше Кристијан Бјорнсен, а без промашување заврши и Александер Херман постигнувајќи шест гола од исто толку шута кон голот на Кил. Кристијан Дисингер со чпет погодоци беше прв стрелец во составот на Кил.
За Вецлар ова е трета победа во шест одиграни натпревари со која моментно се искачи на третото место на табелата, со три победи, две нерешени средби и еден пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА