Филип Талески со Рајн Некар Левен славеше во „македонското дерби“ во Бундес-лигата, во кое за противник го имаше репрезентативниот колега Филип Миркуловски со тимот на Вецлар (34-25). Миркуловски беше подобар од Талески кога станува збор за индивидуалните бројки, но се беше попусто кога домашниот тим целосно доминираше на теренот и заслужено прокнижи нови бодови.
Гостите одолеваа само во првите петнаесетина минути, кога по минималното водство на Рајн Некар Левен од 7-6 тимот на Талески влезе во серија, па на одмор замина со предност од 17-11, широко отворајќи си ги вратите кон победата што рутински беше осигурана во преостанатите 30 минути.
Актуелниот првак со оваа победа се зацврсти на првото место на табелата, додека Вецлар падна на десеттата позиција.
Филип Талески запиша само една асистенција во триумфот на својот тим, додека Филип Миркуловски на спротивната страна постигна три погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА