ЕКИПА во Дебрецин,
Стеван Цаневски
Ракометната репрезентација на Македонија со трет пораз го заврши настапот на Европското првенство 2022 година во Унгарија и Словачка. Овој пат подобри од „црвено-жолтите“ беа актуелните светски шампиони, Данците со 31-21.
Еден од најискусните во националниот тим, Филип Миркуловски по мечот изјави дека ќе биде тука да помогне во мундијалските бараж натпревари, а дека по крајот на сезоната става крај на играчката кариера.
„Влеговме растеретено знаевме дека ни на нив ни на нас ништо не ни значи. Сакавме да прикажеме убава игра да изиграме за наша душа, но на крајот изгубивме десет разлика. Иако Данците одмораа некои играчи тие си сите класа играчи. Нивната втора постава е исто квалитетна како првата и се први фаворити за освојување на Европското првенство. Имавме поголеми очекувања од шампионатот пред да ни се случат сите проблеми со повреди и ковид. Доколку беа тука Манасков, Кире ќе беше се многу подобро. Видовме дека Црна Гора е добра селекција победи и со Словенија. Ова е моја последна сезона како играчка така и репрезентативна, а потоа ќе се посветам на тренерската кариера“, изјави Миркуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА