Претпоследното коло од регуларниот дел на сезоната во македонската прволигашка кошарка донесе шест нови интересни натпревари во кои на победи се радуваа Кожув, Пелистер, Работнички, Куманово, Чаир 2030 и МЗТ Скопје.
Најкорисниот играч на истото ни доаѓа од првиот натпревар на 21. коло, а тоа е Мирон Гордон. Американскиот интернационалец одново ги предводеше „црвено-белите“, овој пат со со 38 поени при реализација 13 од 22 од поле, 3 асистенции, 2 скока и 3 украдени топки за индекс на корисност од 36 поени за ново МВП признание.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

