Ливерпул би можел да го има решението за кризата меѓу Килијан Мбапе и ПСЖ откако „црвените“ влегле во трката за ангажман на извонредниот голгетер. Весникот „Мирор“ вечерва ја најави оваа трансфер-бомба, дека Ливерпул веќе почнал преговори со ПСЖ за да го позајми Мбапе на една година.
За „светците“ се уште главна цел е да го продадат најдобриот фудбалер во текот на летово, за да не се случи тој на крајот од сезоната како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид. ПСЖ бара над 200 милиони евра, но јасно е дека ниту Реал ниту било кој друг клуб нема намера да плати толкава сума пари (освен Ал Хилал, но тој трансфер пропадна). „Кралевите“ веќе го имаат договорено Мбапе за следното лето и немаат намера да трошат богатство за да го забрзаат трансферот, додека ниту еден од останатите заинтересирани тимови нема да троши толкави пари ако знае дека Французинот следното лето ќе се пресели во Мадрид.
Ливерпул будно ја следи ситуацијата и е подготвен да понуди околу 30 милиони евра за позајмицата на голгетерот. Покрај тоа, ПСЖ би заштедил 30 милиони евра од бонусот за лојалност што би требало да го доплати до крајот на сезоната, но и платата од 60 милиони евра што инаку ќе требаше да му ја исплати на својот голгетер.
„Светците“ засега уште се надеваат на продажба, но ако ситуацијата наскоро не се промени тогаш сериозно ќе ја разгледаат и оваа понуда од „Енфилд“. Интересна ќе биде и реакцијата на самиот фудбалер, кој досега одбиваше преговори со сите заинтересирани клубови. Сепак, Мбапе пред неколку години обелодени дека Ливерпул е омилениот клуб на неговата мајк, па можеби ќе му се види интересна опцијата да мине една година во овој клуб пред следното лето да го комплетира трансферот од соништата во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

