Мартина Мироска со освоеното 10. место во скок во далечина и резултат од 5,60 метри имаше највреден резултат од македонските атлетичари на Балканското првенство во сала кое се одржа во Белград.
Покрај Мироска, Катерина Тимчевска на 400 метри со 59.64 секунди и Дрита Ислами на 60 метри запишаа најдобри лични остварувања, а Сашо Голубовиќ заврши на 12. место на 60 метри.
Дарио Ивановски имаше нов одличен резултат на 3.000 метри со истрчани 8.29:63, но на крајот доби дисквалификација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА