Мирослав Клосе е многу блиску до преселба во словенечкиот фудбал откако легендарниот германски голгетер влезе во преговори за преземање на кормилото на Олимпија.
Клосе е без клуб од пролетва, откако Германецот не се прослави на чело на австрискиот прволигаш Алтах. Тој ја водеше оваа екипа на 24 натпревари, при што имаше слаб ефект од пет победи, пет нерешени средби и дури 14 порази.
Челниците на Олимпија сериозно размислуваат да му врачат отказ на сегашниот тренер Жоао Енрике и на негово место да го доведат токму Клосе. Проблем на почетокот од преговорите е сумата од над 10.000 евра месечна плата што ја побарал Клосе, но и двете страни изразиле подготвеност за нова рунда разговори во кои би можел да биде постигнат целосен договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА