Мирослав Клосе открива: Почнав како ракометен голман, завршив како голгетер во фудбал…

Мирослав Клосе имаше блескава фудбалска кариера, тој стана најдобар стрелец во историјата на светските шампионати, но на почетоците од спортската кариера како дете Клосе се занимавал со ракомет, и тоа како голман.

Клосе е роден во Полска, а неговата мајка професионално играла ракомет, по што малиот Миро се обидел да тргне по нејзини стапки.

„Ракометот е тежок спорт, и тактички и физички, исцрпувачки е цело време да фрлаш топка. Мајка ми беше професионална ракометарка, со три титули шампионка на Полска и 82 настапи за репрезентацијата на оваа земја. Кога почнав со спорт, и јас стартував со ракомет. Најчесто бев голман бидејќи немав сила во рацете за да шутирам, а децата ми шутираа „меѓу уши“. Тој период не ми беше лесен, но набрзо почнав да тренирам фудбал, станав напаѓач и бев многу посреќен“, се потсети Мирослав Клосе.

Се вчитува...