Мирослав Клосе се врати во Баерн Минхен како тренер

Легендата на германскиот и на светскиот фудбал, Мирослав Клосе, се врати во Баерн Минхен. Некогашниот голгетер на клубот, но и најдобар стрелец во историјата на мундијалите со 16 голови за Германија, ќе биде тренер на селекцијата на фудбалери до 17 години. Неговото искуство секако ќе им помогне многу на младите фудбалери во клубот.

„Миро е извонреден човек, беше голем голгетер, а ќе биде и иден голем стратег. Убеден сум во тоа. Неговото доаѓање е дел од новата филозофија на клубот, во младинските категории да работат истакнати клупски легенди“, изјави спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.

Мирослав Клосе ќе биде и асистент во стручниот штаб на селекторот на Германија, Јоаким Лев, на претстојното Светско првенство во Русија.

 

Се вчитува...