Еторе Месина се соочува со огромни проблеми околу составот на Милано за дуелот со Ефес, откако на листата повредени кошаркари се вклучи и Никола Миротиќ.
Најголемата ѕвезда на италијанскиот првак се повреди на последниот натпревар од домашниот шампионат, поради што ќе отсуствува најмалку две седмици од кошаркарските терени. Месина нема намера да брза со камбек на клучниот кошаркар, а во Милано се надеваат дека тој би можел да се врати за петнаесетина дена, навреме за завршниот турнир од Купот на Италија.
Ненад Димитријевиќ неодамна почна со тренинзи, но неговиот настап против Ефес се уште е неизвесен, исто како и оние на Ледеј и на Болмаро, за чие учество на натпреварот ќе биде решено непосредно пред натпреварот.
Покрај Миротиќ, мечот во Истанбул сигурно ќе го пропуштат и Нибо, Козер и Диоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

