Миротиќ се врати по двомесечна пауза и ја предводеше Барселона до победа во Германија

Никола Миротиќ по пауза од нешто повеќе од два месеца се врати на теренот и ги предводеше каталонците до гостинска победа во Берлин против Алба од 86-88. Шпанецот со црногорско потекло беше најдобриот играч во својот тим со 19 поени и 6 скока, а притоа го постави и конечниот резултат реализирајќи едно од двете слободни фрлања во драматичната завршница.

На влезот на последната четвртина Барселона имаше предност од 11 поени (60-71), но домашниот состав успеа да се врати во мечот. Стигна до негатива од само еден напад, но не успеа да направи целосен пресврт.

 

Се вчитува...