Миротиќ слета во Белград се чека промоција

Никола Миротиќ постигна договор со челниците на Барселона, откако беше потпишан меѓусебен раскин на договорот, а Никола пристигна во Белград каде наскоро треба да го стави потписот на договорот со Партизан.

Сагата околу Никола Миротиќ трае навистина долго време. Иако беше јасно дека изборот на нов центар ќе дојде дури кога ќе се постигне договор со Барса околу долгот од околу 20 милиони евра за двете преостанати години од договорот, имаше многу заинтересирани…

Сепак, на крајот во трката победи Партизан чив нов играч ќе биде Миротиќ.

Се вчитува...