Миротиќ со звукот на сирената донесе победа за Барса во Москва (ВИДЕО)

Во крајно драматичен натревар во 26. коло од Евролигата, кошаркарите на Барселона славеа на гостувањето против ЦСКА Москва со 80-82, благодарение на поените на Никола Миротиќ буквално во последната секунда од мечот.

Во максимално израмнета завршница, Барселона на осум секунди пред крајот дојде до 77-80 благодарение на двете слободни фрлања на Брендон Дејвис. Но, на пет секунди пред крајот ЦСКА Москва израмни на 80-80 со тројката на Мајк Џејмс, за да со звукот на сирената погоди Миротиќ за конечна победа на Шпанците од 80-82.

 

Миротиќ беше и најдобар поединец на мечот со 23 поени и осум скока, а Кори Хигинс заврши со 17 поени кај Барселона. Даниел Хакет со 17 поени беше најдобар поединец во редовите на ЦСКА Москва.

И вториот руски тим во Евролигата, Зенит загуби во денешниот натпревар. Тимот од Санкт Петербург загуби исто така на домашен терен од Баерн со 68-77.

Се вчитува...