Миротиќ за Пешиќ: Не се караме, само гласно зборуваме…

Никола Миротиќ уште еднаш категорично ги демантираше гласините дека е предводник на бунтот на кошаркарите на Барселона против тренерот Светислав Пешиќ. Најплатениот европски кошаркар тврди дека неговиот однос со Пешиќ се уште е на високо ниво, а комуникацијата – нормална кога станува збор за еден Србин и еден Црногорец.

„Се изненадив кога видов дека веста дојде од „Марка“, бидејќи овој весник и претходно иа водено кампања против мене. Потоа тоа го пренесоа и медиумите од Србија и од Црна Гора, луѓето таму помислија дека е скандал, па ми се јавија и моите родители да ме прашаат што се случило. Им реков дека се е лага, јас и Пешиќ одлично се разбираме и соработуваме. Треба да разберете една работа, кога тој ми објаснува нешто на мене, или јас на него… Србите и Црногорците зборуваат погласно од другите луѓе, па некој може да помисли дека станува збор за конфликт. Ние не се караме, само гласно зборуваме, јас лично сум воодушевен од Пешиќ и неговите методи на работа“ – изјави Миротиќ.

Барселона моментно е второпласирана во Евролигата, зад лидерот Анадолу Ефес. Каталонците утре го играат мечот од 12. коло во елитното европско натпреварување, на гостувањето против Химки.

Се вчитува...