Мировски и Михајловски денеска во битка за финале на Светското првенство во кик-бокс

Двајца македонски репрезентативци денеска ги очекува битката за обезбедување финале на Светското првенство во кикбокс кое се одржува во Абу Даби, ОАЕ.

Силвио Мировски, во дисциплината Лоу Кик во категоријата до 71 килограм, во денешното полуфинале ќе се соочи со Богдан Ситник од Украина.

Стефан Михајловски, пак, во дисциплината Кик Лајт во категоријата до 94 килограми, во полуфиналето ќе се бори со Словенецот Блаж Поточник.

Се вчитува...