Мирсад Јонуз не е повеќе тренер на Скопје. После поразот во баражот од Вардар, поранешниот селектор се одлучи на ваков потег.
Јонуз дојде на кормилото на Скопје на 11 кола пред крајот на местото на Славчо Георгиевски, успеа да го донесе тимот до бараж за опстанок, но вчера не успеа против Вардар да обезбеди уште една прволигашка сезона.
Јонуз за ЕКИПА го потврди заминувањето од Скопје.
„После поразот од Вардар и после сето она што се случуваше на натпреварот, не сум повеќе тренер на Скопје. На клубот му посакувам се најдобро во иднина. На играчите да се замислат за своите кариери. Исто така благодарност до раководството кои се трудеа максимално да обезбедат услови и сето она што беше потребно за функционирање на клубот во овие неколку месеци колку што бев тренер“, ни изјави Јонуз.
После една преспиена ноќ, за натпреварот вчера и натаму смета дека судиите неоправдано покажале црвен картон.
„Точно дека нашиот играч неспортски реагираше, но не требаше судијата да го решава натпреварот. Требаше според мене само да биде опоменат со жолт картон. Можеби ќе изгубевме и со 11 играчи во поле, но вака при 1-0 за Вардар и црвен картон, немавме никакви шанси“, рече Јонуз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА