Мирза Телетовиќ спасувал жива глава во поплавите во БиХ

Во катастрофалните поплави кои ја зафатија Босна и Херцеговина според последните информации починаа 20 лица, а предизвикаа и голема материјална штета.

Едно од местата кои е најпогодено од елементарната непогода е Јабланица, родното место на поранешниот репрезентативец на Босна и Херцеговина, Мирза Телетовиќ кој според информациите на „Слободна Далмација“ и самиот спасувал жива глава.

Таму Телетовиќ има неуспешна милионска инвестиција на брана која не е во употреба, но при непогодата добил повик од надележното Министерството да ги подигне вентилите на браната. Откако го направил тоа се упатил со теренец назад кон својот дом, но пред него се срушило брдо.

„Морал да го остави автомобилот и низ шумата и калот да се пробива до куќата“, ексклузивно открива Арман Ризвиќ, вработен во кафулето на Телетовиќ за медиумот.

Се вчитува...