Мис Хрватска блесна во Доха, па доби критики: Ова е Катар, муслиманска држава…

Поранешната Мис Хрватска, Ивана Кнол, блесна во сиот сјај на трибините на СП во Катар, но оваа убавица по мечот меѓу Хрватска и Мароко веднаш жестоко ги критикуваше организаторите на мундијалот.

„Ова е катастрофа, жал ми е за луѓето кои не можат да стигнат на СП поради најлошата организација во историјата. Моите пријатели не можеа да добијат дозвола да дојдат и по 20 дена чекање, иако сите имаат билети за натпреварите. Ова е класичен циркус, јасно ми е зошто многумина воопшто не сакаат да бидат дел од него“, напиша Кнол на своите профили на социјалните мрежи.

Таа објави и неколку „провокативни фотографии“ од стадионот и од крајбрежјето на Доха, за што веднаш беше критикувана.

„Не си во Хрватска, туку во Катар… Почитувај ги правилата, ова е муслиманска земја“, беше еден од бројните коментари на адреа на Кнол.

Се вчитува...