Мишел Платини и актуелниот претседател на ФИФА Џани Инфантино, своевремено беа најблиски соработници во врвот на УЕФА. Инфантино долго време беше генерален секретар на европската фудбалска организација на чие чело беше токму Платини, но сега нивното пријателство е далеку во минатото.
Овие денови Платини поднесе тужба против актуелниот претседател на ФИФА. Адвокатите на Платини го пријавиле Инфантино за купување на влијание во ФИФА, а меѓу обвинетите е и Марко Вилигер, поранешен директор за легални работи во ФИФА. Платини и француските обвинители побарале испитување на Инфантино, Вилигер и четири претставници на ФИФА.
Тужбата била поднесена на 17 ноември, две недели откако Платини беше овинет за измама заедно со поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер за исплата на 2 милиони швајцарски франци од ФИФА на Платини. Двајцата потоа добија суспензија, а Инфантино неколку недели подоцна беше избран за прв човек на ФИФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА