По победата над Војводина, Вардар ќе го пречека Нексе во вториот натпревар сезонава во СЕХА лигата. Бекот на „вардарци“ Марко Мишевски, вели дека добро го познаваат противникот и доколку ја одиграат својата препознатлива игра нема да имаат проблеми да стигнат до победа.
„Не може многу да промени тоа што имаат нов тренер. Ги познаваме доволно добро бидејќи имаме одиграно многу натпревари. Знаеме за каков противник станува збор бидејќи имаме играно многу натпревари со нив. Мислам дека сме подготвени за натпреварот. Мислам дека не можат реално да не изненадат, бидејќи тоа е истиот тим што игравме во борба за Ф4 и затоа мислам дека не може да бидеме изненадени. Ако ја одиграме нашата игра и дадеме максимум, мислам дека ќе издвојуваме победа“, вели Мишевски.
Вардар ќе го пречека Нексе во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, а натпреварот е закажан за вечерва во 20:15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА