Марко Мишевски и на овој европски шампионат имаше значајна улога во играта во одбрана. Ракометарот на Вардар даде свој придонес, но севкупниот впечаток сепак е разочарувачки по трите претрпени порази во Дебрецин.
Мишевски сепак е оптимист кога станува збор за иднината на оваа репрезентација, која според него во иднина ќе им донесе радост на верните навивачи.
„Дадовме се од себе против Данците, оваа разлика од десет гола не е реална, не заслуживме толкав пораз. Се боревме на целото првенство, дадовме се од себе и разочарани сме што не забележавме барем една победа. Сепак сум оптимист, верувам дека оваа генерација им иднина и дека ќе стигне до голем успех во иднина. Би сакал да им се заблагодарам на навивачите кои дојдоа овде и ни дадоа голема поддршка. Публиката секогаш е наш осми играч на натпреварите“, истакна Марко Мишевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА