Пеколниот ритам на натпревари на Пелистер продолжува со утрешниот дуел на домашен терен против ТФТ што ќе се игра во невообичаен термин, во 12 часот поради подоцнежната зафатеност на салата „Боро Чурлевски“ и боксерскиот турнир што ќе се одржи во битолскиот спортски храм.
Дуелот со ТФТ е од исклучително значење, „пелистерци“ ќе сторат се за да ја забележат третата победа во низа во Првата лига, но задачата ќе биде исклучително тешка ако се знае ТФТ моментно е лидер на табелата со скор од девет победи и само еден пораз.
„Свесни сме за значењето на овој натпревар и подготвени сме да дадеме се за да стигнеме до победата. ТФТ е тим што игра кошарка со многу енергија, наше ќе биде да им одговориме на идентичен начин. Ќе мораме да играме брзо, со многу трчање и со силна енергија и во нападот и во одбраната. Фактот дека тие исто така играат брза кошарка нема да ни претставува проблем, покажавме дека добро се снаоѓаме со такви ривали и дека добро ги казнуваме ситуациите во раната фаза од нападот. Многу важна ќе биде нашата одбрана, ако успееме да ги запреме нивните главни играчи ќе завршиме голем дел од работата за на крајот да се радуваме на победата“, изјави Никола Мишковиќ, српскиот интернационалец кој е еден од лидерите на КК Пелистер оваа натпреварувачка сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

