Кошаркарот на Гостивар, Немања Мишковиќ го напушти тимот непосредно пред четвртфиналниот натпревар против Куманово во рамките од Купот на Македонија. Српскиот центар пристигна во таборот на прволигашот пред неполн месец, неговиот ангажман претставуваше замена за Александар Тодоровиќ кој по првиот дел од сезоната го напушти клубот и потпиша за Динамик.
Според информациите кои ги дознава ЕКИПА, Мишковиќ заминува поради стара повреда која го спречува во целост да помогне на тимот и не може да продолжи со настапите.
Раководството во најбрзо време ќе треба да пронајде негова замена, бидејќи веќе утре ги очекува тежок дуел против составот на Ацо Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА