Мишов: Вардар е одличен момент да покажеме дека Тиквеш може многу повеќе од досегашните резултати

Екипата на Тиквеш во денешното 13. коло од ПМФЛ  влегува со позитивно расположение, по претходната победа со што е прекината негативната серија.

Кавадарчани под водство на новиот тренер, Борче Христов, на последните два меча имаат четири бода, со што им носи дополнителен мотив пред денешната пресметка против Вардар на арената „Тодор Проески“ во дуелот кој стартува од 13 часот.

„Секако дека играњето на Арената и дуел против Вардар е мотив повеќе за секого, па и за нас. Ние добро стартувавме со новиот тренер, посакуваме таа наша позитивна серија да продолжи и да се извлечеме од резултатската криза полека но сигурно. Респект за противникот, знаеме кон што се стреми Вардар, но ние имаме свои амбиции и мотиви“ – вели Александар Мишов.

Се вчитува...