Мисијата „ЕП 2025“ за кошаркарите започна од Маврово (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кошаркарска репрезентација е во Маврово каде во следниот период ќе ги одработува подготовките за престојните натпревари против Данска и Словачка во претквалификациите за Европското првенство 2025. За истите Македонија доби и нов селектор во Александар Јончевски, а младиот стратег од денеска може да смета и на услугите на Теодор Симиќ.

Во текот на вчерашниот ден на „експедицијата“ им се приклучи и Андреј Јакимовски кој беше лидер на последните натпревари против Шпанија и Украина, а се наскоро очекува и приклучувањето на Ненад Димитријевиќ и Кристијан Николов кои имаат обврски со новите клубови Уникс Казањ и Коњаспор.

Репрезентацијата ќе остане во Маврово до крајот на седницата, а потоа следи патување во Бар каде ќе биде одиграна единствената контрола средба против Црна Гора пред натпреварите против Данска на 25. август и Словачка на 28. август.

 

Се вчитува...