„Мисијата Гевгелија“ – комплетирана (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Три победи во првите три натпревари, како доказ дека местото на Македонија не е во ова друштво на „мали селекции“ кои играат претквалификации за големите натпреварувања.

Леснотијата со која го победивме Косово дури и во игра под очекувањата е доказ за потенцијалот што го поседуваат „црвено-жолтите“. Ривалот дојде сериозно ослабен, а избраниците на Давитков се погрижија победата да не биде доведена во прашање, искусно контролирајќи го резултатот дури и во моментите кога шутот од далечина воопшто не функционираше.

Гевгелија се покажа како добар домаќин, салата преполна, атмосферата спортска и коректна, па кошаркарите во полна сала ја прославија оваа најнова победа, за уште еден чекор напред кон „друштвото на големите“, каде дефинитивно припаѓаме.

 

Се вчитува...