Депортиво Ла Коруња го претрпе првиот пораз под „палката“ на Кларенс Сидорф, Реал Бетис на нивен терен славеше со минимални 1-0. Холандскиот стратег потфрли во неговиот прв обид кон спасување на екипата од зоната за испаѓање, вцушност причината за неговиот ангажман.
Гостите доминираа во поголемиот дел од средбата и стрпливо го чекаа вистинскиот момент, а во 54. минута Лорензо Морон се најде на вистинското место пред голот на Рубен и го постигна единствениот гол на средбата.
По 23 меча во Ла Лига Депортиво се наоѓа на претпоследното место со 17 бода, додека Бетис со 33 бода заслужено се искачи на 8. место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА