Мисијата за Азар во Реал – речиси невозможна!

Шансите за трансфер на Еден Азар во Реал Мадрид се намалуваат. Челси нема да се согласи да го продаде за сума помала од 200 милиони евра, а новиот менаџер Маурицио Сари не сака ниту да слушне тој да го напушти тимот и да замине на „Сантијаго Бернабеу“.

Сопственикот Роман Абрамович и неговата десна рака, Марина Гранковскаја, се убедени дека Белгиецот нема самиот да поднесе барање за трансфер, а тој има актуелен договор според кој треба да остане на „Стемфорд бриџ“ до 2020 година. Во меѓувреме, Челси планира да ја зголеми неговата неделна плата и да го направи меѓу најплатените во Премиер – лигата со 340.000 фунти седмично.

Сепак, последниот збор повторно ќе го имаат Реал Мадрид и самиот Азар. „Кралевите“ планираат да одвојат 130 милиони евра за трансфер на Белгиецот, а напаѓачот има огромна желба да го облече дресот на актуелниот европски првак.

Се вчитува...