„Мислам дека е ова крај за Надал“

Легендарниот тенисер Енди Родик се сомнева дека Рафаел Надал некогаш ќе има уште една шанса да го освои Ролан Гарос.

Американецот вели дека во минатото бил демантиран од Шпанецот, но според него, Надал тешко дека веќе може да освои трофеј.

„ Тешко ми е да поверувам дека тој ќе се собере и ќе се обиде уште еднаш да го нападне Ролан Гарос, но јас згрешив за него во минатото и како и секој аналитичар кој има мислење, ние само шпекулираме. Не знам, ние не сме дел од неговиот круг “, вели Енди.

Неодамна по елиминацијата на ЛОИ во Париз, запрашан дали ќе се пензионира, тој на новинарите им одговори дека ќе бидат известени кога ќе се реши на таков чекор.

Се вчитува...