Првиот човек на Ред Бул, Хелмут Марко смета дека најдобро решение за Себастијан Фетел би било една година да одмори од Формула 1. Четирикратниот шампион на светот ја одработува последната година од договорот со Ферари, а според првите најави тој следната година ќе премине во болидот на Астон Мартин. Хелмут Марко кој работеше со Фетел од 2010 до 2013 година кога беше шампион, смета дека подобро е да земе мала пауза.
„Го советував да земе една година пауза. Сигурен сум дека тоа ќе му помогне. Потребно е да ги наполни батериите и тогаш со нова желба и нови мотиви да се врати во Формула 1 караванот“, изјави Марко.
И покрај советите од Марко, Фетел е сигурен дека доколку потпише со Астон Мартин следната година ќе биде далеку поконкурентен и ќе има големи шанси да се бори за подиумот на секоја трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА