Мислав Галер е Маж на годината за 2019, Елиф Елмас – маж со најголем придонес во спортот

Извршниот директор на А1 Групацијата во Македонија, Мислав Галер е Маж на годината за 2019 година во официјалниот избор на „Мажи на годината 2019“ во организација на првиот онлајн магазин за мажи Friday.mk.  На гала-вечерта која синоќа се одржа во хотелот Хилтон во Скопје, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката и јавниот живот, се наградија 13 најуспешни мажи во Македонија за 2019 година.

На вториот официјален избор беа доделени признанија во 13 категории. Притоа, покрај Галер кој го понесе главното признание, наградата за маж со најголем придонес во спортот во изминатава година ја понесе фудбалскиот репрезентативец и член на италијански Наполи, Елиф Елмас.

Најуспешен маж според жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти.., а во која партиципираше и редакцијата на ЕКИПА, ја доби Мислав Галер. Првиот човек на А1 групацијата во Mакедонија, кој доаѓа од Хрватска, важи за личност високо етаблирана во бизнис круговите, приземен со џентлменски манири. Покрај главната награда ја освои и наградата за Маж странец во Македонија со што само го потврдува патот кон успехот кој, како што рече, го зацртал пред себе.

Мислав Галер

Во категоријата Менаџер на годината за 2019, наградата ја доби Арсим Папранику, сопственик на Нептун и Skopje East Gate,  наградата Млад менаџер отиде во рацете на Крис Поповски и Ненад Пантовиќ сопственици на македонскиот бренд за изработка на одела Сињори, а наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе генералниот директор и претставник на Gulf Македонија, Владимир Стајиќ.

Маж со најголем придонес во културата беше избран пејачот со најубав глас Влатко Лозаноски, Маж со најголем придонес во спортот наградата ја доби Елиф Елмас. Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби Енвер Малиќи сопственик на Гемак и Хотел Парк, а заменик градоначалникот на Скопје и почесен конзул на Мексико се закити и со наградата за Маж со трајни вредности.

„Оваа вечер во DoubleTree by Hilton Skopje на една прекрасна гала манифестација,  ги славевме  успешните, оние кои се кредибилен мотив за општеството, кои вложуваат во својот личен развој и развојот на заедницата. Овој настан не прави многу сме среќни бидејќи успеавме успеавме да направиме настан кој втора година буди огромен интерес во јавноста. На едно место собрани убави луѓе, кои навистина даваат голем придонес во развој на џентлменската култура и генерално во заедницата е нешто кое не се опишува со зборови. Среќни сме што наградите ги добија мажи кои навистина заслужуваат почести. Импресиите се одлични, очекувањата надминати. Изборот на Мажи на годината стана  релевантен коректив за сите мажи, стана мотив да вложуваат во себе и општеството, мотив да бидат џентлемни кои ќе негуваат свој сопствен уникатен стил. Се гледаме наредна година повторно“  изјавија организаторите од онлајн магазинот Friday.mk.

Наградата за Маж во избор на социјални медиуми, како што е познато, замина во рацете на ракометниот репрезентативец и европски шампион со Вардар, Стојанче Стоилов, а наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Габриел Стибел. Специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Божидар Јанковски.

Се вчитува...