Килијан Мбапе и натаму е дел од ПСЖ, и само прашање на време е кога ќе се приклучи на Реал Мадрид. На неговата сага никако да и дојде крајот, а Реал Мадрид ја разбуди фантазијата на навивачите со мистериозна објава на социјалните мрежи.
На објавата има биро, компјутер и столче, а „кралевите“ објавија дека детали ќе соопштат утре.
Голем дел од навивачите веруваат дека ова значи официјализација на Мбапе, со што ќе бидат пресреќни затоа што тимот на лето ќе добијат голема ѕвезда. Меѓутоа оние кои се блиски до клубот, јавуваат дека станува збор за соработка со американскиот технолошки гигант ХП, кој ќе стане еден од главните спонзори на клубот.
🗓️ 02/02/2024 🗓️ pic.twitter.com/LJO0JxAG3X
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) February 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

