Мистериозна смрт: Англиски фудбалер ненадејно почина на 29 годишна возраст

Мистериозна смрт на фудбалер на англиски нисколигаш, ја потресе целата земја. Станува збор за Мејсон Педл, капитен на нисколигашот Портчестер, кој почина на 29-годишна возраст. Оваа информација ја потврди клубот, а причината за смртта не е познато.

Веднаш е почната иницијатива за собирање на средства за парична помош на семејството. Целта е исполнета, собрани се 20.000 фунти кои ќе бидат дадени на семејството на несреќниот фудбалер.

„Сите во Портчестер се шокирани и тажни откако ја слушнаа веста за смртта на Мејсон Педл, капитенот на нашата екипа. Нашите мисли и сочуство одат на неговата  фамилија и пријателите во овој тежок момент. Клубот ќе направи се за поддршка на неговото семејство“, се вели во соопштението на клубот.

Педл претходно настапуваше за Манифилдс, кој се наоѓа во Портсмут.

Се вчитува...