Мистериозната кутија на Аврамовиќ крие голема хуманитарна вредност (ФОТО)

Кошаркарската репрезентација на Србија направи голем успех на Светското првенство кое оваа година се одржа во Индонезија, Јапонија и Филипини освојувајќи го второто место. „Орлите“ беа пречекани како херои во Белград, а еден детал од пристигнувањето на аеродромот се најде во центарот на вниманието.

На „Никола Тесла“ Алекса Аврамовиќ се појави со кутија во рацете, нешто што наиде на потсмев на социјалните мрежи како кошаркарот на Партизан да се враќа од екскурзија, но значењето на оваа кутија е огромно.

Аврамовиќ во истата носел топка потпишана од сите репрезентативци на Светското првенство. Топката заврши на хуманитарка акција за поддршка на Србите на Косово и Метохија каде беше е продадена за 650 илјади динари, односно за пет и пол илјади евра.

Се вчитува...