Македонскиот фудбалски интернационалец Мите Цикарски од Кипар се сели во Грција. Тој потпиша 18-месечен договор со грчкиот прволигаш Јанина, откако претходно настапуваше во кипарскиот тим Етникос Ахна. Во Македонија, тој ги бранеше боите на Вардар и на Работнички.
„Би сакал да се заблагодарам на претседателот на клубот Крисостасис, како и на шефот на стручниот штаб Петракис за можноста да пристигнам во редовите на Јанина. Ќе го дадам максимумот за да му помогнам на тимот во наредниот период. Го следам грчкиот шампионат и знам дека Јанина е квалитетен тим, и верувам дека ќе имаме многу заеднички успеси“, изјави Мите Цикарски на своето претставување во новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА