Митев: Естонија е квалитетна репрезентација, но против Литванија ќе мора да одиграме многу подобро

Македонија со победа ги стартуваше квалификациите за ЕП 2026, триумфирајќи на вечерашниот домашен дуел со Естонија со резултат 37-33. Се очекуваше многу полеен триумф на нашите ракометари, но слабата одбрана и 20-те примени гола во првото полувреме ја искомпликува задачата за селекторот Лазаров и неговите избраници.

Марко Митев по мечот изјави дека иако Естонија е квалитетна репрезентација, против Литванија ќе морад да одиграат многу подобро.

„Се заблагодарувам  на публиката што дојде да не поддржи. Естонија е квалитетна репрезентација која може ќе направи изненадување и против фаворитот во групата Словенија. Се надевам дека против Литванија ќе одиграме многу подобро, посебно во фазата на одбрана. Одбраните на Кизиќ ни помогнаа да направиме разлика и да го затвориме мечот. Ќе мора многу подобро да одиграме против Литванија“, изјави Митев. 

Се вчитува...