Екипата на Банвит, на чија клупата седат Сашо Филиповски и Боби Митев, обезбеди финале во кошаркарската Лига на шампиони на ФИБА, откако во првиот полуфинален меч од фајналфор турнирот го совлада тимот на Монако со 83-74.
„Кнезовите“ беа подобри во првата четвртина, поведувајќи со 23-14, но како што одминуваше времето, така избраниците на Филиповски и Митев ја намалуваа предноста на противникот, за во второто полувреме да направат целосен пресврт и на крајот да слават со девет поени разлика.
Теодор со 21 поен и 11 асистенции беше клучен играч кај турскиот прволигаш, во чии редови Орелик постигна 16, а Коркмаз 13 поени.
Во второто полуфинале од овој фајналфор турнир ќе се сретнат екипите на Венеција и на Тенерифе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА