Митев: И лани бевме во силна група, па покажавме …

Марко Митев ја остава зад себе тешката повреда на коленото, бекот на Алкалоид веќе одигра низа натпревари на клупски план и влегува во ритам во најважен момент за мак-ракометот, настапот на ЕП 2026 во Хернинг.

„Добро ја минавме првата фаза од подготовките, за која целта беше и да почнеме да се воигруваме. Ние сме воиграни од претходните настапи и првенство, но сега одново да се вратиме во тој ритам, повторно да се склопиме како тим. Солдно поминаа овие подготовки. Не сме сѐ уште на ‘фул’, но имаме доволно време до ЕП. Се надевам дека ќе го подигнеме нивото барем за 20-30 % и дека на првенството рамноправно ќе се надигруваме“, изјави Митев.

Македонија е во група со Данска, Португалија и со Романија, пласман во следната фаза обезбедуваат двете најдобри селекции, но Митев верува дека Македонија ќе покаже борба и ќе стори се за да ги замрси сметките на фаворитите.

„Противниците се силни, но не сме отпишани. И минатата година имавме многу тешка група на СП и бевме предвреме отпишани, но тогаш покажавме дека можеме да се носиме со сите репрезентации. И оваа година имаме многу тешка група, а Европското првенство според мене е потешко да се игра од Светсткото првенство. Одиме да се надигруваме и да го повториме ланскиот успех, дури и да бидеме подобри. Во ниту еден случај нема да се откажеме, како со Данска – така и со Романија. Нашата цел е да победуваме“, истакнува Марко Митев.

Се вчитува...