Азербејџанскиот тим Сабах Баку предводен од македонскиот стратег Бобан Митев ги отвори квалификациите на ФИБА Еврокупот кој се одржува во Скопје во организација на Работнички со победа откако славеше во средбата против Донар Гронинген со 72-75.
По доброто отварање на натпреварот на холандскиот тим на кој му припадна првата четвртина со 22-18, избраниците на Митев успеаја да анлузираат негативата веќе до полувреме до кое забележаа и предност од еден напад (37-40) благодарение на серијата од 3-0 во завршницата.
Сабах ја имаше контролата на натпреварот во второто полувреме, одолеа на налетот на Гронинген во третата четвртина кога холандскиот тим стигна на само 54-55, а потоа ја доби и трилер завршницата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА