Македонската ракометна репрезентација е веќе во Данска каде во следниот период ќе ги заврши последните подготовки пред настапиот за Европското првенство.
Првиот предизвик за избраниците на Лазаров е фаворизираната Данска, но од македонскиот табор најавуваат максимум напор за совладување на ривалот.
„Добивме ден одмор по напорниот пат. Утрово одработивме фитнес тренинг, а вечер ќе тренираме во сала. За три дена започнува Европското првенство. Нашиот фокус моментално е на првиот натпревар со Данска. Можеби тие се фаворити, но наше е да го дадеме максимумот и да се избориме за добар резултат. Имаме уште три дена да се подготвиме, како тактички, така и физички и се надевам дека ќе успееме да го испратиме нивниот ритам и се надеваме на позитивен резултат“, рече средниот бек на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

