Митев: Мораше и нас среќата да не посака

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонската репрезентација сосема заслужено дојде до реми (29-29) против фаворитот Австрија во првиот натпревар од главната фаза на Светското првенство 2025.

Еден од најдобрите македонски ракометари, Марко Митев вели дека ремито е сосема заслужено а можеме да жалиме и за евентуална победа.

„Исклучително добар натпревар со посебно искусен противник кој посебно беше подготвен за нашата игра. Можеби малку не изненадија со одредени сегменти во играта, но на крај сосема заслужено дојдовме до реми. Мораше и нас среќата да не посака на крај. Едноставно на овој дуел не заслуживме да загубиме и затоа ни дојде тој погодок на крај на Кузмановски“ – истакна по мечот Митев, веднаш дополнувајќи за тоа што следно не очекува:

„Сега не очекува исто така тежок дуел со Катар, и може да кажеме дека ќе одиме на победа на тој дуел“.

Се вчитува...