Македонскиот репрезентативец Марко Митев по натпреварот со Португалија (29-29) ги искажа своите импресии од ремито со полуфиналистот од минатото Светско првенство.
Митев смета дека клучно било тоа што и кога Португалците имаа позитива од пет голови, тој и соиграчите не ја загубиле вербата и надежта дека може да дојдат до добар резултат.
„Мотивираноста не разбуди. Уште пред да влеземе во натпреварот во екипата се чувствуваше дека има добра енергија, и самото тоа носи добар резултат. Кога губевме со -5 голови, не ја изгубивме мотивацијата и го игравме нашиот систем на игра. Сега имаме уште еден меч со Романија. Станува збор за квалитетен противник, но ние ќе мора уште посилно од вечерва, да дадеме се од себе и да чекаме услуга од Данците“, изјави Митев, кој денеска постигна еден гол против Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

