Марко Митев имаше извонреден камбек на европската сцена, откако одличниот бек се врати по повредата и постигна девет гола од исто толку обиди на гостувањето против Силкеборг.
За жал, одличниот ефект на репрезентативецот не беше доволен и за триумф на Алкалоид во Данска, но Алкалоид во големи периоди од мечот целосно му парираше на реномираниот противник, како потврда за постојаниот раст во формата на актуелниот вицешампион на Македонија.
„Овој натпревар за мене, а верувам и за сите мои соиграчи е од огромно значење за тоа што нѐ чека понатаму. Сметам дека иако не го добивме овој натпревар, добивме многу на искуство и сметам дека понатаму ќе бидеме и подобри и сѐ похрабро ќе влегуваме на вакви големи и значајни натпревари. Секоја чест за противничката екипа. И на возвратниот меч се покажа и докажа дека искуството на европската сцена значи многу, а играчите на Силкеборг го имаат многу повеќе од нас. Овие натпревари ги гледам како можност за мене и моите соиграчи да напредуваме, да го градиме и усовршуваме нашиот стил на игра“, изјави Марко Митев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА