Марко Митев уште еднаш покажа зошто важи за лидер на Алкалоид откако македонскиот репрезентативец одигра извонреден натпревар, со десет гола предводејќи ги „сино-белите“ до историска прва победа во европските натпреварувања.
Митев беше на висина на задачата во текот на целиот натпревар, а со последниот блесок и го реши победникот, постигувајќи два гола во завршните две минути со кои му ја донесе победата на Алкалоид.
„Горд сум на мојот тим, пресреќен сум што стигнавме до победата што апсолутно ја заслуживме. Сега се вртиме кон домашното првенство, каде ќе одиме на победа на сите натпревари до крајот на сезоната. Ваквите партии ми даваат самодоверба, ова е мотив плус да продолжиме да работиме уште повеќе. Ова не е мој личен успех, оваа победа, сам немаше ништо да направам. Верувам дека по овој триумф ќе работиме уште понапорно“, изјави Митев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА