ЕКИПА во Атина,
Стеван Цаневски
Дамјан Митев ги надмина проблемите со повредата што го мачеа подолг период, па младиот бек повторно добива се позначајна улога од тренерот Кире Лазаров во тимот на Алкалоид.
Иако најмлад во таборот на Алкалоид, Дамјан е свесен за значењето на претстојниот финален двомеч против АЕК од ЕХФ Европскиот куп, воедно и решен да даде максимум за неговиот тим да продолжи да испишува историја.
„Поминавме тежок пат, но доаѓаме до момент кога можеме да испишеме историја на клубот и да го освоиме пехарот во ЕХФ Европскиот Куп. Првиот меч го играме на гостински терен и ќе биде клучно да бидеме максимално фокусирани. Се подготвуваме за противникот имаме имаме квалитет, можеме да ја оствариме целта. Во финалната серија влегуваме по успешен настап со репрезентацијата. Тоа секако позитивно влијае врз самодовербата и ќе биде мотивирачки момент и за претстојниот двомеч со АЕК во финалето“, изјави Дамјан Митев.
Мечот меѓу АЕК и Алкалоид се игра в недела со почеток во 18 часот, со директен пренос на МТВ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

