ЕКИПА во Берлин,
Стеван Цаневски
Ракометарите во текот на вчерашниот ден со воз од Дизелдорф допатуваа во Берлин, а денеска го имаа и првиот тренинг во „Мерцедес Бенц Арена“, каде в недела ќе излезат на мегдан со селекцијата на Германија.
Еден од најмладите во репрезентацијата Марко Митев пред мечот со Германија вели дека тој и неговите соиграчи ќе остават срце на терен.
„Една голема и прекрасна арена која ќе биде полна против домаќинот. Целиот тим е подготвен за оваа тешка битка и секој од нас ќе даде максимум. Наше е да оставиме срце на терен и да дадеме максимум на овој меч“, изјави Митев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА