Ракометарите на Алкалоид го забележаа третиот пораз во дебитантското учество во европските натпреварувања, откако во 4. коло од Лигата на Европа загубија на гостувањето кај фаворизираниот Бјерингбо-Силкеборг со 35-31.
Сепак, на радарот на ЕХФ се најде одличната игра на младиот бек на македонскиот вицешампион, Марко Митев кој мечот го заврши со девет гола од исто толку обиди.
Покрај Митев во конкуренција за најдобар ракометар на рундата се и поранешниот голман на Вардар, а сега чувар на мрежата на Фуксе Берлин Дејан Милосављев, Лука Мославац од Нексе, и Натат Суарез од Спортинг Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА