Митев: Задоволен сум од прикажаното, но жалам што не бевме пофокусирани против Франција

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонската ракометна репрезентација натпреварувањето на Светското првенство го заврши на 15. позицја по поразот од Франција во последниот натпревар од групната фаза.

Еден од најдобрите на шампионатот, младиот Марко Митев беше задоволен од прикажаното од својата игра за која доби ново МВП признание, но жали за крајниот исход од средбата со Французите.

„Задоволен сум од се што покажавме. Требаше да бидеме уште пофокусирани и да пробаме да изненадиме, но Франција е гигант и многу тешко одеше натпреварот. Што е тука, ја исполнивме нашата цел и се надевам дека на следното првенство ќе биде уште подобро.

„Задоволен сум од минутажата и се. Морам да им се заблагодарам и на моите соиграчи бидејќи без нив немаше да бидеме тука сега“, вели Митев.

Се вчитува...